|

Најново: Ѓоковиќ се соочува со казна затвор до 5 години

Сподели го ова:


Австралиската влада ја проширила истрагата против Ѓоковиќ. Врз основа на австралискиот „Ејџ“, кој во регионот е пренесен од телевизијата „Н1“, службеници кои работеле во имиграциската служба целосно го разгледуваат кршењето на изолацијата од страна на Ѓоковиќ, како и сите оние погрешни информации кои од негова страна биле дадени при поднесување на документите пред неговиот влез во Австралија, како и целосното непоклопување на датумите за тестирање на Ковид-19. Врз основа на сето ова, најголема казна за давање лажни искази пред австралиските официјални институции изнесува пет години затвор.Министерот за имиграција Алекс Хок повторно ја одложи одлуката во однос на користењето дискреционо право за укинување на визата на Новак која најверојатно нема да биде донесена во текот на денешниот ден. Ваквите новонастанати ситуации настанаа врз основа на неочекуваната исповед на Новак Ѓоковиќ, кој целосно призна дека самиот тој доделувал пехари на деца. а и дека воедно давал интервју за Л’Екип, а во сето тоа време, бил позитивен на Ковид-19.





Сподели го ова:

Слични објави