СКАНДАЛ НА ЕВРОВИЗИЈА: Неколку земји со неправилни шеми на гласање?
Според севкупните гласови, вчера на годинешната Евровизија победи Украина. Како и секоја Евровизија, така и оваа, ја следат неколку скандали. Имено, партнерот на ЕБУ која го следи гласањето за време на евровизискиот натпревар истакна дека резултатите на вкупно шест земји идентификувале т.н. неправилни шеми на гласање.
„Со цел да се усогласи со Насоките за гласање за натпреварување ЕБУ работеше со својот партнер, за гласањето за да пресмета заменски збирен резултат за секоја земја, како и за второто полуфинале, и за големото финале (пресметано врз основа на резултатите од другите земји со слични гласачки записи)… ЕБУ, многу сериозно ги сфаќа сите можни обиди да се манипулира со изборот за песна на Евровизија, и има право да ги отстрани таквите гласови во согласност со Официјалните упатства за гласање, без разлика дали таквите гласови веројатно ќе влијаат на резултатите и/или исходот од гласањето“, стои во соопштението на организаторите на Евровизија.