ВО ДУХОТ НА СПОРТОТ: Прв ревијален настан во Естетско-Ритмичка гимнастика во Прилеп, во организација на клубот ,,Авантгард” од Прилеп
Денеска се одржа првиот ревијален настан во Естетско-Ритмичка гимнастика во Прилеп, во организација на клубот ,,Авантгард” од Прилеп. Денеска во Прилеп имаше прекрасен настан во духот на спортот и се она што претставува здрави спортски навики. Во ритмичката гимнастика спојот од уметност и спорт е доведен до совршенство. Па затоа со причина се смета за идеална физичка активност за деца затоа што покрај развојот на координацијата, фината моторика и мускулатурата, гради и чувство за ритам и музика, склад на телото и духот, грациозност и убавина на движењето. Токму тој складен начин на движење кој наликува на танц, како и музикалноста и вештината на користење различни реквизити, ја претвориле ритмичката гимнастика во идеална спортска активност за деца.
“Ја искористив оваа прилика да упатам честитки за трудот кој што го вложуваат и љубовта кон здравите спортски навики што ја пренесуваат, на тренерите и целокупниот персонал на клубовите „Авантгард“ од Прилеп и „Ритмико“ од Скопје, кој што заради непредвидени и оправдани причини не беа во можност денес сите да допатуваат во Прилеп. Посебна благодарност упатувам до нашиот клуб „Авантгард“ од Прилеп, на кој што заедно со членовите сакам да им честитам за досегашните и им посакувам уште поголеми успеси во иднина, преку кои ќе го промовираат нашиот град во најдобро светло. Спортот секогаш ќе биде помеѓу главните приоритети на оваа Локална самоуправа, вклучително и оваа гимнастичка форма која што во последно време стана многу популарна и која што ќе ја добива нашата поддршка!”-истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.