СЕКОЈА ЧЕСТ: ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп се покажа како одличен домаќин на меморијалниот турнир во одбојка „Ристо Тошески – Туло“
Во средата на 20.12.2023 год. ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп беше домаќин на меморијалниот турнир во одбојка „Ристо Тошески – Туло“
“Во чест на нашиот драг колега, кој за жал прерано не напушти, „НАШИОТ ИЦЕ“ – човек со големо, срце, наставник кој умееше на учениците, на кои најмногу се радуваше, да им ги пренесе првенствено знаењата од областа на физичкото и здравствено образование, на посебен начин ги поучуваше на хуманост, на љубов кон блиските, почитување на возрасните, покажуваше и поучуваше како се сака татковината, ширеше позитивна енергија и многу смеа…
Неговата харизма, неговата пожртвуваност, а пред се љубовта кон професијата и децата и соработката со колегите никогаш нема да бидат заборавени.
Некои луѓе имаат само датум на раѓање…Благодарност до сите кои зедоа учество и придонесоа за да се одржи овој турнир. На истиот учество зедоа околу 110 ученици од основните училишта на општина Прилеп и општина Кривогаштани и околу 30 наставници од истите.
Најуспешно во екипите на ученици се претставија:
I место ООУ„Климент Охридски“ – Прилеп
II место ООУ „Манчу Матак“ – Кривогаштани
III место ООУ „Кочо Рацин“- Прилеп
А во екипите на наставниците, екипата на домаќинот ООУ„Гоце Делчев“ – Прилеп достојно го освои I -то место.
„НИЕ СМЕ ЕКИПА ОД ГОСПОД ДАДЕНА!“ – Ице” – се вели во соопштението од ООУ Гоце Делчев – Прилеп.