Општина Прилеп со покана до прилепчани по повод одбележувањето на Новата година според јулијанскиот календар

Сподели го ова:




Во организација на Општина Прилеп на 13.01.2022, на платото кај Саат Кулата ќе се одбележи доаѓањето на Новата година според јулијанскиот календар. Воочи големиот православен празник Свети Василиј, меѓу народот познат како Стара Нова година, Општина Прилеп ги поканува  граѓаните во периодот од 11.00 до 13.00 часот да дојдат на плоштадот кај саатот и да се почестат со парче бурек, варено вино или чај, кои ќе бидат поставени на места специјално подготвени за таа намена. Производите што ќе се делат се обезбедени од страна на неколку општествено одговорни компании: Пекара Џулијано, Фурна Маја, Фурна Алекс и Винарија Пирган, Ресторан Стара Чаршија. Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден. На овај ден традиционално се дели и пита со паричка, а на онај што ќе му се падне паричката се верува дека ќе биде среќен во текот на целата година.





Сподели го ова:

Слични објави