ВО ЧЕСТ НА ОНИЕ КОИ ПРЕРАНО НЕ НАПУШТИЈА: Голем концерт под мотото „Легендите живеат вечно“ во „Македонска филхармонија“
На 28-ми октомври во „Македонска филхармонија“ под мотото „Легендите живеат вечно“, ќе се одржи концерт кој ќе биде во чест на сите оние музички легенди кои прерано си заминаа. Целта е да им се одаде почит за се она што го оставија зад себе, бидејќи самите тие ја испишаа музичката историја, а можеа уште многу!
На концертот ќе се потсетиме на Тоше Проески – момчето од Крушево со ангелски глас којшто го освои целиот Балкан, на рокерот со нежна душа Влатко Илиевски, Гоце Арнаудов, Есма Реџепова, Зафир Хаџиманов, Драган Вучиќ како и многу други.