Градоначалникот на Општина Могила со уште едно реализирано ветување

Сподели го ова:


Врз основа на предизборната програма и со одлука на Советот на општина Могила еднократната финансиска помош за новороденчиња е зголемена на 5000 денари. По тој повод градоначалникот на Општина Могила-Саботковски истакна: “Ги потпишав решенијата за неисплатените средства за новороденчиња од 2021 година, за најдобри ученици и студенти.Средствата за секое новороденче се добиваат со пополнување на барање и доставување на документацијата во општината. Се надевам дека во 2022 год. ќе имаме повеќе новороденчиња во нашата општина, поуспешни ученици и студенти”-истакна Драганчо Саботковски

Можно е да е слика од 1 лице и стоење




Сподели го ова:

Слични објави