|

Mладите пингпонгари на “Младост 96” – Прилеп повторно со нови успеси и медали

Сподели го ова:
























Минатиот викенд во Прилеп во спортската сала на ООУ “Кире Гаврилоски” – Јане во два дена се одржаа три Мастерски кои се бодовни за ранг листите во соодветните категории.

Во две категории У13 и У15, младите пингпонгари на “Младост 96” освоија 4 медали.

Во категоријата У13 играчите на “Младост 96” Мартин Ристески и Трајче Маркоски играа клубско финале каде поуспешен беше Мартин Ристески и победи со 3-0 во сетови. Претходно убедливо ги совладаа своите противници. Уште на самиот старт на турнирите двајцата играчи ја најавија борбата за највисок пласман во таа категорија.

Во категорија до 15 години, Давид Јоноски и Мартин Ристески ги освоија бронзените медали. Во полуфиналето, Давид Јоноски загуби 3-2 против Дарко Китаноски од Пелагонија Битола, додека Мартин Ристески со резултат 3-1 загуби од победникот во таа категорија Кристијан Каламадевски од Берово.

Во категорија У19 Лука Огненоски и Давид Јоноски се пласираа во 1/8 финале .

Играа уште и Камелија Стојческа,Огнен Илиески Петар Ристески. Наредниот викенд почнува пролетниот дел од сезоната каде сениорските екипи на “Младост 96” влегуваат подготвени за нови успеси.




Сподели го ова:

Слични објави