ПРИЛЕП СЕ БУДИ: Прв работен ден после изминатиот сончев викенд

Сподели го ова:


























Денешното “страмежливо зимско утро” во Прилеп, веќе го најави новиот работен ден после убавиот, сончев викенд. Изминатиот викенд беше проследен со пријатно, сончево, топло време кое не беше карактеристично за овој период од годината.

Меѓутоа, нашите сограѓани умешно знаеа како да го искористат топлото време, при што некои заминаа надвор од нашата земја, некои во Будва и Острог, а оние со “пократок џеб” останаа од Прилеп што не значи дека тие не уживаа во викендот кој што измина.

Прилепските граѓани отсекогаш имале добра волја и совршен план како да го испланираат слободното време кое им е на располагање, а така беше и овој продолжен викенд кој што измина.

Продолжениот викенд беше резултат на државниот празник 23 октомври-Денот на македонската револуционерна борба, кој оваа година се падна во недела, па како резултат на тоа 24-ти октомври (понеделник) беше неработен ден.

Денес е нов работен ден, со нова надеж за остварување на Вашите зацртани цели. Потребна Ви е само “мала доза” од позитивни мисли, а за другото тука е Бог кој што како и секогаш, ќе се погрижи за сето она што Ви е потребно!




Сподели го ова:

Слични објави