СЕ БЛИЖИ ПЕТКОВДЕН: Важно известување за верниците од прилепскиот црковен храм “св.Петка”- нас.Точила
Се ближи “Петковден”-славата на голем број прилепчани, а по тој повод прилепскиот црковен храм “св.Петка”-нас.Точила излезе со важно известување за верниците, кое Ви го пренесуваме во целост на оваа објава:
“Браќа и сестри во Христа, наши прилепчани, ве известуваме дека ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКОВНИТЕ ХРАМОВИ. За претстојната слава, на преподобната Петка (ПЕТКОВДЕН), во храмовите св. Петка во нас. Точила и Св. Кирил и Методиј – Параклис, лебчиња ќе се креваат ПРЕТПЛАДНЕ во среда (26.10.2022) во периодот од 7:00 – 12:00 ч., ПОПЛАДНЕ во периодот од 16:00 – 18:00 И НА САМИОТ ПРАЗНИК (наредниот ден) во четврток по завршувањето на Божествената Литургија. Честита слава на сите кои ја чествуваат Св. Петка како закрилничка на нивните домови т. е. домашна слава! Нека ни е за многу години и на помош” – се истакнува во известувањето на прилепскиот црковен храм “св.Петка”-нас.Точила.