Денеска не очекува променливо облачно време – од среда дожд и студ низ цела наша земја
Како што истакнуваат од УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од – 4 до 1, додека пак максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Утре преку целиот ден ќе имаме стабилно време, а кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни.















