ВНИМАВАЈТЕ ШТО ПИШУВАТЕ НА FACEBOOK: Прилепчанец заработи кривична пријава
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.Д.(67) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Тој, на 18.03.2023, на објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ поставил коментар со содржина со која ширел говор на омраза и насилство – информираат од МВР.