Денеска е ден на жалост во Прилеп! Oткажани се сите културни и спортски манифестации
По повод на трагичната смрт на тројцата прилепчани кои вчера настрадаа во тешката сообраќајна несреќа кај Лагово, денес во Прилеп е прогласен ден на жалост, при што откажани се сите културни и спортски манифестации во општината, а знамињата пред општинската зграда и македонското знаме на влезовите од градот и на јарболот во центарот на градот се поставени на половина копје.
По повод трагичната смрт, денеска сите општествени чинители ги одложија сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, партиски и друг тип на промоции кои беа предвидени за денеска, а угостителските објекти и локалните радиодифузери ја прилагодија музиката според одлуката.
Вечна им слава!
Нека почиваат во мир!