Денес, на Економскиот Факултет во Прилеп голем број на студенти ја започнаа својата трка по нови знаења!
Денес голем број на студенти, ја започнаа својата трка по знаења кои ќе им дадат можност да се соочат со предизвиците на новото време кое се темели на деловна соработка, бизнис и кариерен развој. Студентите се најсилниот партнер во креирање на политиките и во локалната заедница.
Чест ми е што денеска сум тука заедно со Вас на Првиот акедемски час! Драго ми е што во олкав број ја одбравте оваа наша високобразовна институција, што го одбравте Економскиот фактултет – Прилеп за Ваша идна надоградба и останавте, или пак дојдовте во Прилеп, за да продолжите да го градите Вашето знаење во една од најинтересните општествени сфери, двигател на општеството – економијата! Но, студирањето и стекнувањето со универзитетска диплома мора да знаете дека не е само едноставно собирање на искуства по патот на добивањето на квалитетни теоретски и применливи знаења, туку тоа е испреплетено со истрајност, посветеност и многу животни одрекувања. Нeмa лeceн пaт дo нayкaтa. И, тоа треба да го знаете и да се вреднува. Бидејќи, денеска во ова ново, дигитално и динамично време постојано се бара доусовршување и залагање за надградба бидејќи часовникот на едукацијата никогаш не застанува – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.
Јавниот повик сакам да ве информирам дека сеуште трае, а денес ќе ми биде посебна чест што како градоначалник на Прилеп, лично, на првиот академски час, ќе ги доделам и првите ваучери на студентите кои се пријавија на повикот, а останатите ги охрабрувам да се пријават и да ја искористат можноста за стипендирање преку нашата Општина.
Нека ви е честита и успешна новата академска година!