Со посебна почит, денеска во Прилеп се одбележаа двата Илиндена, 119 години од Илинденското востание и 78 години од Првото заседание на АСНОМ

Сподели го ова:
























Со посебна почит, денеска во Прилеп се одбележаа двата Илиндена, 119 години од Илинденското востание и 78 години од Првото заседание на АСНОМ

Со свежо цвеќе во спомен на Илинденците и Асномците, денес во Прилеп беше одбележан големиот македонски празник Илинден. Со посебна почит денеска во Прилеп се одбележаа двата Илиндена, 119 години од Илинденското востание и 78 години од Првото заседание на АСНОМ. Делегација од Општина Прилеп, предводена од градоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески и претседателот на Совет -Дејан Проданоски, оддадоа почит на сите заслужни дејци и револуционери кои го дадоа животот за слободата.

Со положување на свежи цвеќиња пред спомениците на Методија Андонов – Ченто, Кузман Јосифоски – Питу, и на Могилата на непобедените, прилепчани уште еднаш им се поклонија на хероите.

“Илинден е она што секој Македонец треба да го чувствува како дел од себе бидејќи тој е коренот на македонската држава. Ние сите сме Илинден, а Илинден е Македонија!

119 години Илинден!

78 години АСНОМ!

Вечна им слава на хероите!

Честит празник!

Да живее Република Македонија! – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави