ВМРО-ДПМНЕ: Потребни се избори, час побргу

Сподели го ова:
opstina



Јазикот не е гарантиран, власта на Ковачевски прифаќа Бугарија да ни ги пишува учебниците-истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното нивно соопштение, кое целосно Ви го пренесуваме во прилог на оваа објава:

“Власта се фали дека е гарантиран јазикот, а тој е оспоруван, додека учебниците ќе ни ги пишува Бугарија.

Македонскиот јазик не е гарантиран со предлогот со кој се фали владата. Официјалниот јазик  на земја кандидат за ЕУ, се признава во поглавје 34. Македонскиот јазик го нема во предлогот, и постои опасност кога ќе се отвори и затвори поглавјето 34 истиот да биде оспоруван.

Со овој предлог се остава проблем и можност јазикот да биде оспорен, бидејќи тој не е гарантиран.

Дополнително со предлогот историската комисија е таа која ќе може и понатаму да биде кочничар на се, доколку нешто не е по волја на Бугарија. На Бугарија едноставно и се дава право да ги пишува учебниците по историја во Македонија.

Власта не обезбедува ништо. Отвора само бројни проблеми. Затоа премногу е. Потребни се избори, час побргу”-истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ .



Сподели го ова:

Слични објави