ЕВЕ ЗОШТО ПРИЛЕП ДЕНЕСКА БЕШЕ ПРАЗЕН: Прилепчани втор ден по ред, масовно протестираа пред Влада
Денеска во 19 часот, веднаш после денешната средба на Мицкоски и Ковачевски, продолжи протестот пред Влада, каде што исто како и вчера, голем број на граѓани преку своето присуство кажаа “НЕ” за т.н француски предлог. Исто како и вчера, голем дел од прилепчани дадоа масовна поддршка на овој сенароден протест, а тоа најверојатно беше причината што градот под Марковите Кули после 16 часот остана речиси празен. Врз основа на она што можевме ние како информативна екипа да го регистрираме денеска на терен во Скопје, пред Влада ќе останат и голем дел од прилепските граѓани, и нема да се вратат дома. Протестот продолжува и утре-понеделник 04.07.2022 година во 19 часот пред Влада.
Колку за потсетување веднаш после денешната остварена средба помеѓу Мицкоски и Ковачевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повика граѓаните на денешниот протест при што истакна:
Продолжуваме со протестот, кој што мислиме дека во овој момент кога се брани македонскиот идентитет е неопходен и дека сега молчењето не е опција, туку пркосот и борбата за македонскиот идентитет. За жал во 21 век Македонецот се уште се бори за својот македонски идентитет- истакна Мицкоски.