| |

ПРИЛЕПСКА ГОРДОСТ: Вчера во Битола, детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” приреди вистински спектакл

Сподели го ова:

Прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, односно фестивалот каде што настапуваат деца од повеќе градови од нашата земја, вчера во Битола, направи вистински детски музички спектакл. Откако беше најавено дека во Битола ќе настапуваат Веселите Ѕвончиња како дел од новогодишната програма на Општина Битола, на социјалните мрежи можеше да се забележи голема заинтересираност за овој настан во Битола.

Сето ова го потврдуваат сликите во прилог кои говорат дека огромен број на посетители вчера во Битола уживаа во хитовите на најактуелниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”. Фестивалот како и секогаш, го водеше маскотата на Веселото ѕвонче – еден од најомилените детски ликови. Имено прилепскиот детски музички фестивал оваа година по втор настапува во Битола. Освен во Битола, популарните Весели Ѕвончиња оваа година гостуваа во Крушево и во Охрид на градскиот плоштад.

Бидејќи се најпопуларни, овој прилепски детски музички фестивал ќе настапи и на официјалната детска програма на 31.12.2022 на градскиот плоштад во Прилеп со почеток во 12 часот, односно веднаш после завршувањето на детската претстава Дружината на Снешко Белчо.

Заради големиот интерес за учество на наредното фестивалско издание на најактуелниот Детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” кое ќе се оджи во месец мај, наредната 2023 година во Прилеп, Веселото Ѕвонче Ве кани доколку имате од 4 до 15 години, преку Вашите родители да се пријавите на телефонскиот број на “БАЛАДА АРТ ПРОДУКЦИЈА”: 078/66-77-97. Бројот на места како и секоја година е ограничен, па затоа само најбрзите кои што ќе се пријаваат ќе ја имаат среќата да бидат учесници на фестивалот и да испеат новокомпонирана песна на наредното јубилејно фестивалско издание на најактуелен детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”. 



Сподели го ова:

Слични објави