КОЈ БИ ПРЕТПОСТАВИЛ: Развојот на прилепскиот водоводен систем започнува дури од далечната 1945 година!!!
Локацијата на сопствените извори на градот Прилеп се наоѓа северо источно од градот, во непосредна близина на акумулацијата Прилеп. За потребите на градот за фатени се четири извори и тоа : Пештерица, Леково, Пашоски ливади и Душници . Истите биле каптирани постапно во зависност од зголемувањето на потребите од 1945 година наваму, а доводниот цевковод е изграден во периодот 1950 -1955 година. Со порастот на потребите наложено е искористување на подземните води. За таа цел одпочнато е со изградба на пумпни постројки во периодот од 1965 – 1972 година. Изградени се 12 бунари . Со тек на време поради прекумерна експлоатација поголем дел од бунарите се излезени од употреба и останати се само два бунари.
За задоволување на се поголемите потреби се пристапува кон регионално решавање на проблемот со водоснабдување. Така е изграден Регионалниот водовод Студенчица и пуштен е во употреба во септември 1981.
Како последица на големите кризи во водоснабдувањето во 1990 и 2001 година се пријде кон нови водозафаќања .Така е изградена пумпната постројка Кошарка , а во 2002 година е ревитализирана пумпната постројка Кишојца – Орушица.
Последен водозафатен објект кој е изграден е филтерната станица Варош во 2004 година.
Бунарите извори за водоснабдување на градот Прилеп
- Регионален водовод Студенчица
– Капацитет: 1500 л/с
– За Прилеп: 700 л/с
– Дијаметри на цевоводот во мм: 1016, 914, 863.6, 812.8, 762, 711.2
– Кота на изворот 970 м н.в.
- Пумпна станица Кошарка
– Пeриод на изградба 1991 – 2000
– Батерија од 8 бунари
– Длабочина на бунарите: 30м
– Вкупна издашност: 60 л/с
- Сопствени извори – локални извори:
Леково, Пашоски ливади, Пештерица, Душници
– Вкупен капацитет 40 – 70 л/с