ТРАГЕДИЈА: Едно лице загина на регионалниот пат Прилеп – Ресен во тешката сообраќајна незгода која се случи утрово
Денеска (24.07.2023) во 05.08 часот во СВР Битола било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „сканиа“ со приколка со штипски регистарски ознаки. Возилото било управувано од Б.М.(44) и патничко моторно возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки.
Во самата несреќа, патничкото возило се запалило, а телото на возачот било опожарено.