ВНИМАВАЈТЕ КАКВИ ВОЗИЛА ВОЗИТЕ: На прилепчанец полициjaта му го одзеде возилото и му напиша кривична пријава



Во текот на вчерашниот ден (22.09.2022) во Прилеп, полициски службеници вработени во Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, одзеле патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки од Н.К.(67) од с.Десово, поради сомнение за сторено кривично дело по член 378 од Кривичниот законик.
При извршената контрола на возилото, на лице место се констатирало дека бројот на шасијата бил фалсификуван! Веднаш, откако ќе се направи целосно документирање на случајот, против жителот од прилепско Десово ќе биде поднесена соодветна пријава.


















