ВИДЕО: Борец, херој, хуманист – Прилеп го одбележува 3-ти Ноември!

Сподели го ова:























Денес на прес конференција од страна на претседателот на Совет на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, беше објавена програмата а воедно и покана до сите граѓани за активностите со кои што Прилеп ќе одбележи 79 години од ослободувањето на градот во втората светска војна.


Со тридневна програма, организирана од Советот и Локалната самоуправа, во која што има низа културни, хуманитарни и спортски настани од 1 до 3 ноември Прилеп ќе чествува по повод 3-ти Ноември, најзначајниот празник за нашиот град. Одбележувањето завршува со традиционалната Свечена седница, која што ќе се одржи на 3 ноември во 19:00ч во големата сала на Центарот за култура Марко Цепенков.



Сподели го ова:

Слични објави