ПЕТОЧНО УТРО: Штрајкот во образованието продолжува и денеска
Штрајкот во образованието продолжува и денеска. Од СОНК се надеваат дека Владата ќе се освести на нивите барања и дека ќе им ги покачи платите. Имено, претседателот на СОНК Јаким Неделков, на вчерашната прес-конференција истакна дека без прифатлив предлог, практично е невозможно да се прекине штрајкот.
“Апелирам да покажат сериозен пристап, да смогнат сили, да покажат волја и да понудат соодветен процент за образование и детска заштита, како и за ученички домови кои се приклучија на штрајкот, да обезбедат средства, дали 18,4 или друг процент, ние мора да имаме понуда. Тежиме кон иста цел, но се движиме по различни патишта. И наша цел е штрајкот побргу да заврши и децата да се вратат во клупите и занималните, но треба да ни се вкрстат патиштата и да има прифатливо решение за штрајкот да прекине. Уверени сме дека го правиме вистинското во интерес на членството”-истакна меѓу другото Претседателот на СОНК-Јаким Неделков на вчерашната прес-конференција за новинарите