Градоначалникот Јовчески: Верата е нешто што не одржува и обединува

Сподели го ова:




Денеска прилепскиот градоначалник Борче Јовчески заедно со битолскиот градоначалник Коњаноски, учествуваше на светата литургија по повод чествувањето на 40 години архиерејска служба и 75 години од раѓањето на неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, чествување кое се одржа во Соборниот Храм Свети Великомаченик Димитриј во Битола, . По тој повод еве што истакна прилепскиот Градоначалник Борче Јовчески: “Денес, имав чест да присуствувам на свечената прослава по повод “40 години архиерејска служба и 75 години од раѓањето на неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар.Заедно со градоначалникот Тони Коњановски од Општина Битола, учествувавме на светата литургија по повод чествувањето на овој празник која се одржа во Соборниот Храм Свети Великомаченик Димитриј во Битола.Верата е нешто што не одржува и обединува. Таа, преку ваквите настани не сплотува и ја засилува меѓуопштинската соработка. Му го честитам празникот Митровден на сите кои го слават. За многу години!”-истакна Јовчески.





Сподели го ова:

Слични објави