ПАЛЧО ВЛЕГОЛ ВО ЗАТВОРОТ СО “ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР”- САКАЛ ДА ГЛЕДА ТВ
Директорот на затворот Филип Андов во интервју за Телма, откри повеќе детали за влезот на Палчо во затворото во Шутка:
„Па може да нагласам дека имаше една интересна работа, дека имаше телевизор плазма, од Турција му бил, за притвор но тука каде што е, ние немаме 220 волти струја, регулирана е на 12 волт, само за светло, специјално за собата каде што ќе биде тој“,истакна Филип Андов.

Во куферот имало и банкноти во евра и турски лири.