“И КАМЕН ДА Е – ЌЕ СЕ РАСПЛАЧИ”: Со денови не јади за да го нахрани бебето

Сподели го ова:























Драгана Марковиќ е 28 годишна мајка и за жал лице со пречки во развојот. Потекнува од Куманово. Таму и пораснала. Учела во специјално училиште, а веројатно психичката состојба ќе придонесат и за лошите избори во животот кои денес и го отежнуваат секојдневието. Пред шест години раѓа дете и се мажи, но, малтретирањето од сопругот и советите од свекрвата да бега од таа куќа за да се спаси –ќе каже таа, ќе ја вратат во родната куќа вечно да пати по ќерката која морала да ја остави и која денес не смее да ја гледа. Можеби некако се прибира и одлучува повторно да влезе во брак, но, очигледно повторно ќе донесе лоша одлука зашто кога дознава дека е повторно во блажена состојба била принудена да се ослободи од бебето за да остане кај сопругот. Болката по првото дете нема да и дозволат да го направи тоа, па, одлучува да ја роди малата Божана која денес има 12 месеци и е целата нејзина среќа. За жал, Драгана е невработена, условите во куќата на татко и се лоши. Единствен приход е минмалната плата на нејзиниот татко кој се грижи да обезбеди пелени и храна за внучето. Социјалните служби постојано ја посетуваат и укажуваат што треба да направи за да го задржи детето, па Драгана била принудена сама да се качи на скала да кречи, но, не знае како ќе обезбеди шпорет на дрва, дрва за огрев и доволно храна за неа и Божана. А, ќе каже нема да поднесам да останам и без Божана. Така само би ми ја убилo душата-додава таа.

Драгана е родена како лице со пречки во развојот. Завршила специјално училиште и млада одлучува да основа семејство. Но, дали поради среќата или здравствената состојба, очигледно е дека изборите во неколку наврати ќе и бидат лоши. Па, првиот пат се мажи со човек кој ја малтретирал и била принудена да го остави детето за да си го спаси животот, а вториот пат надевајќи се подобар живот, таткото на детето –тврди таа, кога дознал дека таа е во блажена состојба, и рекол дека не го сака бебето и дека ако го роди таа сама ќе си го чува.
Сама и беспомошна Драгана минатата година со бебето од болница се враќа во домот на татко и, кој е вработен и зема минимален приход, но, и помага и колку може за да обезбеди пелени и храна за Божана. Од социјалните служби со цел заштита на бебето, на Драгана и рекле дека мора да обезбеди подобри услови во собата во која спијат, да искречат и да обезбедат топлински уред за во зима. За жал Драгана сеуште не се снашла, и се плаши дека и ова дете ќе и биде одземено, но, овој пат ќе рече таа тоа нема да го поднесам, зашто Божана ми е најсвето нешто во животот.
Има едно тешко чувство кое најчесто ни се јавува во ноќта кога можеме да размислуваме за се. Тоа е она чувство дека го пропуштаме животот и убавините во него. Мислиме дека на секој му е поубаво отколку на нас. И, иако играњето со туѓите чувства е навистина лошо, сепак, и од лошите искуства добиваме лекција, а тоа е дека го дознаваме вистинското лице на луѓето кои не повредиле.
Доколку сакате да помогнете на семејстото на Драгана тоа можете да го сторите на жиро сметката на нејзиниот татко Бобан Стојковски 320500020861480 Комерцијална банка или на нејзиниот мобилен телефон 078535884 – се истакнува во објавата која е објавена на интернет страната од емисијата “Срце на дланка”.



Сподели го ова:

Слични објави