ВЕЧНА ПОЧИТ ЗА ХЕРОИТЕ ОД КАРПАЛАК! Прилеп се подготвува за одбележувањето на 23 годишнината од Карпалак

Сподели го ова:


























Прилеп се подготвува за одбележувањето на 23 годишнината од Карпалак. Како и секоја година, така и оваа, одбележувањето ќе биде на 07 и 08 август со положување на свежо цвеќе во касарната „Мирче Ацев“-Прилеп и пред спомен обележјето кај селото Лениште.

На ваков начин, ќе започне одбележувањето на 23-годишнината од трагичниот настан кај месноста Карпалак, каде 10 прилепски воени резервисти, храбро го дадоа својот живот за Македонија.

Исто така, претставници од Владата и бројни делегации ќе положат свежо свеќе и пред споменикот Карпалак во центарот на градот, а во црквата св. Петка во населба Точила ќе се одржи панихида за бранителите.

Карпалак ќе биде вечен спомен за македонските синови, чии животи згаснаа за нашата татковина Република Македонија.




Сподели го ова:

Слични објави