Дарувањето крв со цел да се спаси нечиј живот е највисок чин на хуманоста
По повод одбележувањето на 17 Март-Денoт на основањето на Црвениот крст и Денот на крводарителството во Република Македонија, денес заедно со општинската организација на Црвениот крст од Прилеп, во просториите на Општина Прилеп беше организирана крводарителска акција.
Благодарение на изградената свест и хуманост на илјадници наши сограѓани крводарители, спасени се многу животи, за што како градоначалник на општина Прилеп од срце и искрено изразувам огромна благодарност. Ви благодарам на вас крводарителите од Прилеп за вашата хуманост, солидарност и несебичност при дарувањето на најскапата течност и по тој повод денеска симболично но со огромна чест доделивме благодарници и признанија за вашата хумана мисија, затоа што дарувањето е спасување на нечиј живот! – истакна Јовчески.