ВОЗ УДРИ ВО КОМБЕ -ПОВРЕДЕНИ СЕ 12 ЛИЦА ОД КОИ ДВЕ ДЕЦА

Денеска, точно на пладне железничка машина на Македонски железници, удри во минибус кој бил полн со патници во близина на Велес. Станува збор за железничкиот премин кај поранешната фабрика Порцеланка кој е црна точка во сообраќајот во овој град, бидејќи оваа делница е многу фреквентна, а тука нема ниту рампи, ниту светлосна сигнализација.
Несреќата се случила кога движејќи се по пругата Битола – Скопје, машината налетала на полниот минибус, кој што превезувал патници кон населбата Чашка и селото Мелница. Машиновозачот на мишаната го видел минибусот при што му алармирал, меѓутоа немал доволно простор ниту доволно време да закочи, па го удрил во задниот дел. За голема среќа, жртви нема, а повредени се 12 патници, од кои две деца и истите веднаш биле префрлени во велешката болница.