Градоначалникот Проданоски оствари важна протоколарна средба со амбасадорката на Германија и амбасадорот на Франција
Денеска, прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски во Општина Прилеп оствари важна протоколарна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер, и амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристоф Ле Риголер.

На средбата разговаравме за унапредување на билатералната соработка, отворање нови можности за економски развој, поддршка на локални проекти и зајакнување на културните и образовните врски со двете земји. Општина Прилеп има што да понуди и како економски центар и како град со значаен туристички и културен потенцијал. По средбата, заедно со амбасадорката Дрекслер и амбасадорот Ле Риголер оддадовме почит на жртвите од Првата светска војна и го одбележавме Денот на примирјето на германските воени гробишта во Прилеп. Овој ден е силен потсетник на трагичните последици од војната, но и на важноста на мирот, солидарноста и европските вредности. Примирјето од 1918 година го означи крајот на еден од најразорните конфликти во историјата и постави темели за иднината која ја градиме денес, иднина на соработка, почит и разбирање меѓу народите. Прилеп ќе продолжи да биде град кој гради мостови, развива партнерства и создава нови перспективи за своите граѓани – истакна градоначалникот Проданоски.
















