Огромен интерес! Дел од вработените од прилепската градска болница беа дел од работилницата, која е уште еден доказ за трудот и љубовта на нашите медицински сестри кон оваа хумана професија
Едукативните работилници за вработените во прилепската Градска болница, вчера беа збогатени си уште едно извонредно предавање.
Од страна на предавачот Татјана Гнип Катароска, дипломирана медицинска сестра по професија, имавме огромна чест и задоволство да се едуцираме на тема: “Прием на пациент”. Предавањето се одвиваше на одделот за анестезија и реанимација при ЈЗУ Општа Болница – Прилеп а темата беше комплетно обработена со опсежен тек и активно учество на сите присутни медицински сестри. Со сигурност можеме да кажеме дека оваа работилница е уште еден доказ за трудот и љубовта на нашите медицински сестри кон оваа хумана професија – се вели во соопштението од прилепската Градска болница.