Вчера вечерта во Прилеп, се одржа хуманитарен концерт по повод предвремено родените деца

Сподели го ова:


























Вчера вечерта во Прилеп, се одржа хуманитарен концерт по повод предвремено родените деца, а сите учесници на концертот преку своите изведби ги стоплија срцата на прилепчани. Најбројни на сцената се појавија дечињата од “Наша иднина” ПЕ Тризла, кои создадоа безброј емоции на сите во салата “Марко Цепенков” Прилеп.

За ваквиот прекрасен настан “виновна” беше менторката Благица Димоски која го креира извонредниот настап на најмалите учесници. Вчера, ѕвезда на вечерта беше ултра популарниот Влатко Лозаноски со кој цела сала пееше во еден здив. Хуманоста е доблест која треба да ја негуваме и секојдневно да ја подаруваме.




Сподели го ова:

Слични објави