ВАКВА СМРТ НИТУ НА ДУШМАНОТ НЕ МУ СЕ ПОСАКУВА: 24-годишно момче изгоре во својот автомобил во сообраќајката која се случи утрово на патот Прилеп-Ресен

Сподели го ова:


























СВР-Битола излезе со информација дека е утврден идентитетот на лицето кое утрово во тешка сообраќајна несреќа на м.в. „Кукуречанска раскрсница“ го загуби својот живот. Имено станува збор за В.Н. (24 г.) од Битола, кој што во несреќата починал како резултат на тоа што патничкото возило „опел корса“ се запалило, а телото на возачот било опожарено.

Како што информиравме во претходните наши објави, денеска (24.07.2023) во 05.08 часот во СВР Битола било пријавено дека  се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „сканиа“ со приколка со штипски регистарски ознаки. Возилото било управувано од Б.М.(44) и патничко моторно возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки.

Во самата несреќа, патничкото возило се запалило, а телото на возачот било опожарено.




Сподели го ова:

Слични објави