|

ОВАА СРЕДА ВО ПРИЛЕП: Прилепчани ќе уживаат во песните од проектот “Македонијо во срце те носиме”

Сподели го ова:

Проектот “Македонијо во срце те носиме” во сопствената мапа на концерти, го стави и градот под Марковите Кули. На 27-ми септември во центарот на Прилеп со почеток во 20 часот, ќе настапат вкупно 12 македонски изведувачи од светот на забавната и народната музика, при што истите ќе отпеат 12 македонски патриотски песни кои се изработени со нови современи аражмани, кои ги изработи познатиот композитор Николче Мицевски.

Помеѓу учесниците се: Миле Кузмановски, Зуица Лазова, Наум Петрески, Сузана Спасовска, ДНК, Огнен Здравковски, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Марија Спасовска. Станува збор за следниве песни: „Едно име имаме”,„Заветна”, „Налеј, налеј”, „Народе македонски”, „Ој, Вардаре”, „Оган да го гори”, „Послушајте патриоти”, „Ми заплакало село Ваташа”, „Море сокол пие”, „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов”, „Земјо македонска” …

Целта на овој музички проект е да се зачува музичкиот аманет, кој што ни е оставен од генерациите кои биле пред нас.



Сподели го ова:

Слични објави