Определена е мерка од 30 дена притвор за 22 годишниот скопјанец кој ја прегази 24 годишната радовишанка на пешачки премин кај Сити Мол

Сподели го ова:


Определена е мерка од 30 дена притвор за 22 годишниот скопјанец кој што ја прегази 24 годишната радовишанка на пешачкиот премин во Скопје кај Сити Мол. “По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот на ЈО, судија на претходна постапка донесе решение со кое го прифати предлогот на ЈО и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да го повтори делото.“, истакнуваат во соопштението од Обвинителството.





Сподели го ова:

Слични објави