ППК “Младост 96” – Прилеп ќе ја стартува новата сезона со амбиции да ја врати титулата во своите витрини



ППК “Младост 96” -Прилеп ќе ја стартува новата сезона со амбиции да ја врати титулата во своите витрини. За таа цел, покрај постојаниот играчки кадар од ланската сезона, оваа година клубот се засили со уште еден странец и тоа Ѓорѓе Борчич од Србија.
Со право раководството на клубот очекува враќање на титулата. Костовски, Рикалоски, Лашкоски, Стомнароски, Рустемовски и двајцата странци Костадиновиќ и Борчич, се доволно искусни да ја оправдаат улогата на фаворити. Женската екипа оваа година ќе биде ослабена и ќе учествува со Васе Богоеска ,Камелија Стојческа и Мила Гулеска.

Оваа година, новитет е јуниорската лига каде “Младост 96” ќе учествува со екипи во машка и во женска категорија. Машката екипа ќе ја сочинуваат Огненоски Лука, Ристески Мартин ,Јоноски Давид како и Маркоски Трајче, додека женската екипа е истата која ќе се натпреварува и во лига натпреварувањето за сениори.
Исто така, во школата на ППК “Младост 96” која започна во текот на овој месец, новитет се бесплатните тренинзи на сите првоодделенци кои ќе имаат желба да тренираат во клубот.


















