ИСТОРИСКИ НАЈМАСОВЕН МИТИНГ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО СКОПЈЕ: Вчера вечерта, ВМРО-ДПМНЕ ја започна изборната кампања од главниот град на Македонија

Вчера вечерта, ВМРО-ДПМНЕ ја започна изборната кампања од главниот град на Македонија. Очигледно, ова беше најмасовниот митинг кој се има случено во нашата земја. Еве меѓу другото, што порача Мицкоски од Скопје:
“Ова не се обични времиња, ова не се обични избори. И ова може да е и нашата последна шанса, да ја вратиме Македонија која ја сакаме.
Ова е нашето време, да се обединиме во заедничката цел. Да покажеме заедно дека силата на Македонија е во нас, во сите нас заедно, и да бидеме пример на сите идни генерации.
Народот доаѓа по своето…Доаѓа по тоа што му е одземено. Доаѓа по Македонија! Нашиот момент е сега!
Државата е твоја и време е да си ја вратиш во свои раце!
Македонија повторно твоја!
Промените во твои раце! ” – порача Мицкоски.