СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА ЈОВЧЕСКИ: Ги смири вознемирените прилепски родители со помош на мошне јасен, прецизен и конкретен говор – точно онака како што треба да се постапи во ваквите вонредни ситуации

Сподели го ова:
























Како што информиравме претходно, денеска во основните училишта „Блаже Конески“, „Добре Јованоски“ и „Гоце Делчев“ имаше дојава за поставени бомби, меѓутоа веднаш после добиените информации за поставени бомби во овие основни училишта, надлежните од Општина Прилеп воспоставија комуникација со директорите на основните училишта, а исто така беше воспоставен и контакт со сите потребни надлежни институции.

Благодарение на брзото постапување на сите вклучени фактори, учениците, наставниот кадар и другите вработени во училиштата, учениците веднаш беа евакуирани на безбедно, а наставата за денешниот ден беше прекината.

Имено, информацијата за поставени бомби денеска предизвика сериозна вознемиреност кај родителите на прилепските ученици, меѓутоа прилепскиот градоначалник Борче Јовчески со помош на мошне јасен, прецизен и конкретен став излезе со соопштение со кое ги смири вознемирените прилепски родители, со тоа дека соопшти дека сите ученици се безбедно евакуирани и дека како градоначалник на општина Прилеп, апелира на смиреност и почитување на сите пропишани правила и прописи за постапување во вакви случаи.

“Безбедноста на нашите сограѓани е на прво место, остануваме во контакт и во координација со сите надлежни институции се до целосно расчистување за веродостојноста на дојавите”– истакна Јовчески.

Меѓутоа откако се провери целокупната состојба, надлежните инситуции излегоа со известување дека дојавите за поставени бомби во претходно наведените три основни училишта биле ЛАЖНИ.




Сподели го ова:

Слични објави