Премиерот Мицкоски: Трезорот не се затвора на 15 декември, ќе има К-15 за вработените

Сподели го ова:































Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека датумот 15 декември не претставува краен рок по кој ништо нема да може да се сработи, меѓутоа Мицкоски потенцираше дека мора да се напушти функционирањето на она т.н. „во 5 до 12“.

Премиерот истакна дека во изминатите години, (посебно во 2024 година) поради доцнењето на институциите голем број на обврски останале незавршени и дека трезорот објективно не можел навреме да ги реализира.

Исто така Мицкоски официјално потврди дека ќе има и исплата на К-15 за вработените во државните институции. На ваков начин ги отфрли шпекулациите за наводни финансиски проблеми.

„На 15 декември не се затвора трезорот. Добро е сите институции навреме да ги достават сите документи. Ќе има толеранција, ова не значи дека на 20 декември ќе има клуч на врата и толку. Ќе работиме со план и со свесност дека обврските мора да се завршуваат на време. Суштината е да стекнеме навика за ред“, изјави Мицкоски.




Сподели го ова:

Слични објави