ВИДЕО – ПРОДАНОСКИ: По иницијатива на Советот на Општина Прилеп денес успешно се заврши акцијата за пошумување – засадени вкупно 4000 садници!

Сподели го ова:


























По иницијатива на Советот на Општина Прилеп, денес успешно се заврши акцијата за пошумување, при што засадени беа вкупно 4000 садници!

Климатските промени придонесуваат да се загрозува природата и затоа треба да посветиме повеќе внимание на животната средина. Имено, Претседателот на Советот на Општина Прилеп заедно со советниците, посебен акцент става и на животната средина, па врз основа на тоа, Советот на Општина Прилеп денеска организираше акција за пошумување на дел од атарот на населеното место Алинци – во близина на градската депонија. За сите заинтересирани граѓани беше обезбеден бесплатен организиран превоз во 10:30 часот, а тргнувањето беше од пред НУЦК ,,Марко Цепенков”.

По иницијатива на Советот на Општина Прилеп денес успешно се заврши акцијата за пошумување. Засадени вкупно 4000 садници! Огромна благодарност до сите учесници за поддршката! Им се заблагодарувам на ЈП ,,Македонски шуми” – Црн Бор – Прилеп, менаџментот и вработените на сите јавни претпријатија и училиштата за активното учество! Им се заблагодарувам на ЈП ,,Македонски шуми” – Црн Бор – Прилеп, менаџментот и вработените на сите јавни претпријатија и училиштата за активното учество!” – истакна денеска Претседателот на Совет на Општина Прилеп Дејан Проданоски на чиј предлог, Советот на Општина Прилеп на својата одржана седницата на 01.12.2022 година, донесе заклучок за набавка на садници за хортикултурно уредување на површини во Општина Прилеп. Согласно ваквиот заклучок, Советот на Општина Прилеп денеска успешно ја реализираше оваа акција за пошумување.




Сподели го ова:

Слични објави