ПИНГ-ПОНГ: “Младост 96” утре во одбрана на титулата
Пинг-понгарскиот клуб “Младост 96”-Прилеп, утре во пингпонгарската сала на “Партизан” со почеток во 12:00 часот, спремни ќе го дочекаат нивниот противник од Штип. Во недела, на 22.05. 2022 ќе се одигра возвратниот натпревар во Штип, при што ако некоја од екипите слави во двата пинг-понг натпревари, тогаш во таков случај ќе се пласира во финалето. Имено, во понеделник “Младост 96” заминува за Србија во Суботица, на дополнителни припреми за учеството во Европските купови. Прилепскиот пингпонгарски клуб ќе направи конкретен обид да го освои првото место во Романија, а со самото тоа да се избори за Гранд финалето кое ќе се одржи во јуни оваа година во Хавиров-Чешка. За сето ова, голема заслужна улога има прилепчанецот Златко Рикалоски, кој што е голем вљубеник во пинг-понг натпреварите, и постојано презема конкретни мерки и чекори за развој на пинг-понгот како во Прилеп, така и во нашата земја.