Тунески по повод утрешниот роденден на УМС: Унијата на младите сили е моторот на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели го ова:


Христијан Тунески-Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп, денеска одржа прес-конференција за медиумите каде ги покани сите млади лица на роденденот од УМС кој што оваа година ќе се прослави утре-среда 06.04.2022 година во НУЦК “Марко Цепенков”-Прилеп, со почеток во 19 часот. Врз основа на прес-конференцијата на Тунески, на утрешниот роденден на УМС, ќе биде промовирана и Стратегијата за млади од страна на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа во однос на денешниот говор на Тунески, може да се забележи дека станува збор за вистински интелектуална подготвена личност која поседува висок степен на интелигенција која се надеваме дека ќе ја примени при креирање на политики за подобар живот на младите во нашиот Прилеп. Унијата на младите сили е чуварот и моторот на ВМРО-ДПМНЕ а воедно е и расадник на кадри, двигател и енергија на промените, авангарда која трае, иднината на нашата партија, но поважно – иднината на нашата земја. И затоа за секој еден член УМС е повеќе од тело во партијата, туку тоа е емоција, спомени, дружби, арчење за идеја… Во прилог, во целост Ви ја прикажуваме неговата прес-конференција:





Сподели го ова:

Слични објави