Некои легално си купуваат дрва, а некои крадат! Двајца крушевчани ќе се соочат со законот – со коњи краделе дрва
На 14.02.2025 во времето од 12.00 до 17.00 часот од страна на полициски службеници од ОВР Демир Хисар, во содејство со шумска полиција, во атар на с. Журче, демирхисарско, и атар на с. Бирино, крушевско, биле затекнати Т.Г.(51) од с. Свето Митрани, крушевско, и С.А.(43) од с. Пресил, крушевско, со пет коњи натоварени со огревно дрво, кое не било жигосано. Дрвната маса е одземена и предадена на шумска полиција за понатамошно постапување, по што ќе следат соодветни поднесоци.
На 14.02.2025 во 14.15 часот во с. Кочиште, демирхисарско, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода Л.К. од Крушево, од кого биле одземени 7 м3 нежигосани огревни дрва, како и моторна пила. Дрвата биле предадени на шумска полиција за понатамошно постапување, по што ќе следат соодветни поднесоци – информира МВР.
















