И вработените од прилепската подрачна единица на АД.Пошти ќе дадат поддршка на штрајкот кој најверојатно ќе се случи на 14 Април

Сподели го ова:


























Голем дел од вработените од прилепската подрачна единици на АД.Пошти ќе дадат поддршка на штрајкот кој најверојатно ќе се случи на 14 Април, откако Синдикатот на Mакедонска пошта и синдикалната организација на А.Д. Пошта најавија дека на 14 Април ќе влезат во генерален штрајк, доколку во меѓувреме не бидат целосно исполнети нивните барања за неодложно линеарно покачување на нето платите на сите вработени во севкупен износ од 3000 денари. За штрајкот постојат голем број на причини како што се:

Честојнова: Македонска пошта губи милиони поради неажурноста на Агенција за  пошти! – Kurir.mk

-загриженоста кај над 2200 вработени за иднината на компанијата

-неизвесноста од зачувување на нивните работни места,

-незадоволството од нереализирање на барањето за линерно покачување на нето платите на вработените

Дарко Димовски, претседател на Сојуз на синдикати на Македонија на прес-конференцијата напомена дека на 15 октомври заедно со синдикалните организации имале средба со генералниот директор Јани Макрадули каде што, како што рече, јасно и гласно им било кажано дека согласно со порастот на минималната плата, линеарно за 3.000 денари ќе се зголемат сите плати во АД Пошта.

Можно е да е слика од 8 луѓе, луѓе што стојат и надвор

– Ете минималната плата е 18.000 денари, но директорот Јани Макрадули не се одзва на неговото ветување и затоа го искажуваме нашето незадоволство, бидејќи не може да се крие позади Законот за минимална плата, при што и тој Закон јасно кажува во членот 8 треба скалесто да се усогласат тие плати – додаде Димовски.

На 14 април Синдикатот на Македонска пошта и Синдикалната организација на А.Д. Пошта ќе организираат генерален штрајк, поради неисполнување на нивното барање за покачување на платите на вработените во ова претпријатие, во износ од 3.000 денари.

На 8 февруари Синдикалните организации на македонска Пошта до Управниот одбор и генералниот директор доставивме барање за линеарно покачување на платите на вработените во висина од 3.000 денари, но ниту добивме одговор, ниту бевме повикани од генералниот директор за реализација на нашето барање. Во меѓувреме, одржавме и средба заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, Управен одбор и синдикални организации за реализација на нашето барање. Договоривме рок од 7 дена да се даде одговор на нашите барања, но по истекот на рокот ниту добивме одговор, ниту бевме повикани на повторна средба, рече Велигденов.

Генералниот штрајк на вработените ќе се одржи со почеток во 8 часот на нивните работни места во македонска Пошта и низ целата држава во сите подружници.
Штрајкот ќе трае се додека не се исполнат нивните барања.




Сподели го ова:

Слични објави