|

Нов ден – нова шанса за уште една победа на ФК “Победа”-овој пат играме против екипата на Академија Пандев

Сподели го ова:


























Како што се истакнува на официјалната Facebook група на ФК Победа, фудбалерите на Победа денес од 14 часот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во натпревар од 11-тото коло на Првата лига ќе ја пречекаат екипата на Академија Пандев.

Црвено-белите осоколени по убедливата победа во Кратово во оптимистичка но работна атмосфера го пречекуваат реномираниот противник. Тимот полека се комплетира и во тренажен процес и на располагање на тренерот Бабунски се неколку фудбалери, а единствено ќе отсуствуваат исклучениот во Кратово Марио Наумоски и повредените: Теофан Кисески Илијоски, Филип Тодороски и Марко Симуновиќ.

Денешниот меч ќе биде одмерување на силите на два тима кои по 10 кола и 9 одиграни средби имаат освоено по 7 бодови, со по две победи, едно реми и 6 порази. Црвено-белите резултатски се во подобра форма за разлика од гостинот кој е во серија од 4 последователни порази.

Во секој случај ова своевидно дерби на дното се очекува да привлече солиден број гледачи на трибините а подршката на прилепската публика на домашниот состав треба да биде максимална во текот на сите 90 минути со цел црвено-белите да стигнат до посакуваниот трет овосезонски триумф.




Сподели го ова:

Слични објави