Започнува ЗИМСКАТА ПРИКАЗНА во Битола! 12 дена културни настани на 8 локации за сите генерации!
Од 20 до 31 декември, Битола повторно се претвора во голема, светлечка мапа на моменти што ги паметиме: оваа година од Плоштадот Магнолија преку Широк Сокак до Офицерски и Пациото на музејот, од малите и големи градски плоштади преку Безистенот до Старата чаршија и Bliss
па сѐ до убавецот Пелистер, осум локации што дишат како една празнична целина. Тоа е најновата ЗИМСКА ПРИКАЗНА на Битола.
Ова е најголемиот зимски фестивал во Македонија веќе неколку години.
Ова е ритамот на Битола во декември.
Најавуваме детско кино под отворено небо, музика што грее, улична уметност, гастрономија, зимски базар, голема сцена кај Офицерски, алтернативна сцена во Пациото, мала сцена на калдрмата кај Чаршијата, вечерни DJ сетови во празничниот автобус и во архаичниот Безистен, светилки што ја цртаат архитектурата и луѓе што се собираат, затоа што празниците се најубави кога се споделени.
Зимска приказна е создадена за сите генерации: за децата што веруваат во чудо, за вечно младите што го бараат ритамот на нивниот град, за семејствата што сакаат и топлина и забава, за сите што веруваат дека Битола може повеќе…и секоја година тоа го докажува.














