ТРКА НА ГОДИНАТА: Стојанче Ангелов брка мечки во Жировница
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, објави едно видео како брка мечка во с. Жировница. Колку за потсетување, ова е селото каде што во последно време локалните жители се под страв заради наездата на овие животни.
„Вечерва низ тесните улички на с. Жировница…Проблемите и опасностите секогаш изгледаат поедноставно кога се гледаат од безбедна далечина на ТВ, лаптоп или мобилен телефон“, напиша Ангелов.
