РОДИТЕЛИТЕ НА ДЕЦАТА ОД ГРАДИНКАТА ГО ПРЕДУПРЕДИЈА МИНИСТЕРОТ: Ќе го блокираме автопатот, регионалниот пат, а ќе поставиме и шатори пред МОН!

Сподели го ова:
























Родителите на децата кои учат во градинката во Гази Баба, испратија писмо до министерот за образование и наука Јетон Шакири во кое се вели:

“Почитуван Министер,

Се одлучивме преку јавноста да го испратиме ова писмо до Вас со цел да ги истакнеме нашите гледишта, наспроти Вашата примена на сила, закани и ултиматум кон нас како родители и кон општината.

Ние жителите од Јурумлери, Колонија, Идризово, Дрма, Гоце Делчев, Трубарево и цела Гази Баба живееме сложно со нашите сограѓани албанци, роми, срби, турци, власи и сите останати. Помеѓу нас пред се како соседи, а дел од нас се и роднински поврзани како кумови, старосвати владее соживот и на различностите поради нашата вероисповест гледаме како на предизвик за запознавање на нешто туѓо, а не како пречка за заеднички комшиски живот.

Учењето во ООУ Његош е овозможено за сите дечиња од нашиот крај. Наставата во одделенската настава се врши на македонски и албански јазик како што е опишано и со Статутот на нашето училиште, а додека за предметната настава учењето на македонски јазик се одвива во ООУ Његош, додека учењето на албански јазик се врши во соседното училиште во Огњанци за што општина Гази Баба обезбедува бесплатен превоз за дечињата кој организирано ги зема од своите домови до училиштето и назад од училиштето до својот дом со што тезите дека се врши дискриминација за настава на својот мајчин јазик не држат вода.

Почитуван Министер,

Жалиме што Вие како Министер во Владата наместо да бидете медијатор и да делувате во насока на надминување на ситуацијата, Вие одбравте од Ваши партски интереси да завземете страна и јавно на социјалните мрежи да се сликате и објавувате слики со лицата кои вештачки создаваат етнички проблем во нашето населено место. Последната слика е објавена и направена пред само еден ден, кога кризата завзема досега најголеми размери” – се вели во писмото од родителите на децата кои учат во градинката во Гази Баба.




Сподели го ова:

Слични објави