ПОЧИТ ЗА ХЕРОИТЕ: Проданоски денеска на Илинден им оддаде почит на хероите кои се бореа за идеалите на македонскиот народ
Претседателот на Советот на Општина Прилеп и претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп Дејан Проданоски, по повод најголемиот државен празник Илинден, денеска во Прилеп им оддаде почит на хероите кои се бореа за идеалите на македонскиот народ, преку положување на свежо цвеќе и длабок поклон пред бистите на хероите – како благодарност за се што направиле за Македонија!
“Прославувајќи го денешниот голем празник 2 Август, им оддаваме почит и им благодариме на хероите кои поминале низ тешки премрежја во минатото, бранејќи ги идеалите на македонскиот народ.
Токму во двата Илиндена, оној во 1903 и другиот во 1944 година, кои се поврзани со Илинденското востание и заседанието на АСНОМ, најдобро се пресликува вечната идеја за самостојна, независна и суверена Република Македонија.
Низ животот, делото и саможртвата на Илинденците и на Асномците поставени се цврстите темели врз кои се развивала и опстојувала нашата држава. Ако борбата на нашите предци беше борба за слободата, државноста и независноста, нашата борба е борба за зачувување на придобивките од минатото и градење современа, просперитетна и економски силна земја во која ќе сакаат да живеат сегашните и идните генерации.
Македонија низ историјата опстојувала поради цврстата желба да се истрае низ сите бури и да се биде свој на своето. Ние Македонците отсекогаш сме ги почитувале различните од нас без да дозволиме некој да го негира нашето постоење и нашата посебност.
Нам ни останува да го чуваме она што ни го оставија како аманет великаните пред нас.
Нека е вечно делото на двата Илиндена 1903 и 1944 година! Нека е вечна нашата татковина Република Македонија” -истакна Проданоски.