STANICA.MK НА ТЕРЕН: Денеска во Прилеп е избегната уште една трагедија со возот кај рампата во “Сточен пазар”

Сподели го ова:


























Денеска, повторно нашата информативна екипа додека беше на терен, забележа катастрофална глетка каде што недостасуваше само еден миг, возилата кои требаше да ја поминат пругата во населбата “Сточен пазар”, да завршат под возот кој поминуваше низ Прилеп, односно истиот се обраќаше на патниот правец Скопје-Битола. Имено, денеска додека поминуваше возот по пругата во оваа прилепска населба, рампите повторно не беа пуштени, што искрено малку фалеше да загинат неколку прилепчани.

Колку за потсетување, нашата информативна екипа вчера околу 12 часот на пладне забележа работници од Мак.железници како работат во електрониката близу рампата кај Сточен пазар, па врз основа на ова, помисливме дека конечно ќе се регулира сообрајќајот и рампата во населбата Сточен пазар. Меѓутоа, анализирајќи ја денешнава ситуација, таквите вчерашни обиди на вработените во Мак.железници биле сосема неуспешни.

Што ли треба да се направи за да конечно се освестат одговорните и конечно трајно, да го регулираат ваквиот проблем.




Сподели го ова:

Слични објави